
Герет Бејл си заминува од Реал Мадрид и ќе се врати на Островот, но не во Премиер – лигата на Англија. Се шпекулира дека за конечна одлука ќе го чека исходот од баражот, а доколку Велс избори пласман на Светското првенство, легендарниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата. И тоа во второлигашко друштво.
Герет Бејл не се грижи веќе за парите, заработи премногу во текот на кариерата и би потпишал за Кардиф, неговиот роден град и градот во кој живее неговото семејство. На тој начин би ја исполнил желбата, би бил дома со семејството и би ја одржал кондицијата за Светското првенство. Тоа би била негова проштална сезона, но, се ќе зависи од 5 јуни и од бараж натпреварот против Шкотите или Украинците.
Доаѓањето на Герет Бејл веројатно би привлекло во Кардиф уште неколку поискусни и познати играчи, можеби уште некој репрезентативец на Велс, кои би се подготвувале за настап на Светското првенство, но и би им помогнале на „птиците“ да се вратат во Премиер – лигата, каде последен пат беа во 2019 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
