
Силекс и Македонија Ѓорче Петров се подготвени за утрешниот финален натпревар во Купот на Македонија. Своите очекувања ги дадоа тренерите Горазд Михајлов и Муарем Бајрами, како и капитените Даниел Божиновски и Ермедин Адем.

“Ние сме актуелни победници на Купот и секако дека ќе настојуваме да го задржиме кај нас. Македонија ЃП е квалитетен прволигаш, искусен тим, а ние сепак имавме поинаков пат”, изјави Горазд Михајлов, тренерот на Силекс.
Шефот на стручниот штаб на ѓорчепетровци Муарем Бајрами истакна дека тимот е подготвен за да го врати трофејот во Ѓорче Петров по подолг период.
“Нема фаворити на вакви финални мечеви. Силекс е второлигаш, но буквално се прошета во таа конкуренција, па воопшто не се залажуваме дека ќе биде лесно. Го анализиравме противникот, веруваме во сопствените квалитети и се надеваме дека ќе го донесеме трофејот во Ѓорче”, изјави Муарем Бајрами.

Капитените Даниел Божиновски и Ермедин Адем веруваат во своите тимови и очекуваат триумф на утрешната пресметка.
„Не’ очекува голем натпревар. Цела сезона се бориме за вакви натпревари и сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп трофеј. Ја респектираме екипата на Силекс, која се прошета во Втората лига, и неслучајно се во финале, покажувајќи дека се добра екипа. Ние сме подготвени, имавме добра сезона, можеби најтежок пат до финалето, ги поминавме сите и стигнавме до тука. Кој и да настапи, ќе го даде максимумот, и верувам дека ќе ги израдуваме нашите навивачи и трофејот после долги години да го донесеме во Ѓорче Петров“, изјави Ермедин Адем.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
