
Фудбалерите на Македонија ЃП, во рамките на подготовките за настапот во квалификациите од Лигата на Европа, славеа со 2-1 (0-1) на пријателскиот натпревар против бугарскиот прволигаш Берое во Разлог.
Избраниците на Александар Таневски имаа негатива од 0-1 по првото полувреме, по голот на Еуженио уште во 8. минута од средбата. Но, „лавовите“ одиграа одлично второ полувреме преку кое дојдоа до триумфот. На дуелот настапи и најновото засилување за Македонија ЃП, Есмин Личина.
Капитенот Боби Божиновски израмни во 60. минута на 1-1, а Дејан Тантуровски во 79. минута ја донесе победата за македонскиот тим.
Македонија ЃП на тест дуелот против Берое настапи во следниот состав: Димовски, Родригез, Лима, Пецов, Личина, Божиновски, Демир, Филиповски, Емини, Карваљо, Тантуровски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
