
Во серијата засилувања за новата сезона, Шкупи во своите редови го врати и 23-годишниот голман Албан Мифтари.
Мифтари, кој изминатите две сезони настапуваше за косовските Феризај и Витиа, сега повторно е во редовите на Шкупи и веќе е приклучен на подготовките во Болу.
„Среќен сум што се враќам дома, во клубот каде што ја почнав фудбалската кариера. По три години се враќам во мојот клуб. Носам огромен мотив за идни успешни настапи во дресот на Шкупи“ – вели Мифтари по потпишувањето на договорот со чаирчани.
Мифтари е досега девето засилување за Шкупи за новата натпреварувачка сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
