
Најтрофејниот македонски клуб Вардар ги почна летните подготовки. Тимот стартуваше веднаш со работа под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Васоски, а меѓу играчите нема голем дел од странците. Фелипе и Лира се слободни, Битанг преговара за останување, а Жуниор Реис треба да се приклучи наредните денови.
Од македонските фудбалери, тука се Гачевски, Брдаровски, Аврамовски, а Вардар има забрана за трансфери во претстојните два преодни рока.
На денешниот прв собир на екипата, присуствуваа и неколку фанови кои дојдоа да му дадат поддршка на Вардар. Фудбалерите и стручниот штаб им се заблагодарија за поддршката.
Вардар на 17. јули заминува на подготовки во Словенија, во Рогашка Слатина, каде што ќе остане до 2. август. Таму ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари како дел од подготовките за идниот шампионат во домашното првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
