Норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд ќе биде нов играч на Манчестер Сити од идната сезона, потврди англискиот премиерлигаш. Трансферот што се најавуваше како „бомба“ на летото, заедно со евентуалната преселба на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, конечно е потврден.
Борусија Дортмунд ќе добие 75 милиони евра отштета, а Халанд ќе биде нов член на Манчестер Сити од 1 јули 2022 година.
„Манчестер Сити потврдува дека има договор со Борусија Дортмунд за ангажман на Ерлинг Халанд од 1 јули 2022 година. Останува само да се официјализираат барањата од фудбалерот“, се вели во соопштението на Манчестер Сити.
Manchester City can confirm that we have reached an agreement in principle with Borussia Dortmund for the transfer of striker Erling Haaland to the Club on 1st July 2022.
— Manchester City (@ManCity) May 10, 2022
The transfer remains subject to the Club finalising terms with the player.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal