
Легендарниот Дејвид Бекам го коментираше потенцијалното заминување на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед.
Поранешниот играч на Јунајтед и Реал Мадрид би сакал Роналдо да остане во славниот клуб од „Олд Трафорд“ уште неколку сезони.
„Заедно со Меси, Роналдо е еден од најдобрите играчи во изминатите 15 години. Важно е за навивачите тој да остане во Јунајтед, но мислам дека е важно и за него. Се надевам. Знаеме колку Јунајтед значи за Кристијано. Тој продолжува да го прави тоа што најдобро го знае, создава шанси и постигнува голови. Неверојатно е што успева на негова возраст. Би било убаво да останеме уште една или две сезона“, изјави Дејвид Бекам за „Скај Спортс“.
Тој најавува и дека промени во Манчестер Јунајтед се потребни итно.
„Во Јунајтед се неопходни промени, а промени се случуваат. Навивачите се уште го поддржуваат тимот, такви се. Мислам дека тренерот и играчите во претходната сезона дадоа најдобро што можеа. Малку се екипите кои можат да го распродадат стадионот и покрај сите проблеми кои Јунајтед ги имаше во претходните години“, потенцира Бекам.
Дејвид Бекам во својата кариера има настапувано за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Лос Анџелес Галакси, Милан и Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Рома и Дибала се блиску до нов договор

Евро-фудбал
Баерн Минхен влегува во трката за Марк Гехи

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
