Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ја одби понудата на Манчестер Сити да прејде во ривалскиот тим на Пеп Гвардиола во текот на летото. Французинот ја разгледал идејата многу сериозно, но на крајот рекол „не“, бидејќи Погба претпочита да игра во друга лига.
Јувентус, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид и понатаму се претенденти за потписот на 29-годишниот играч за врска, кој по крајот на сезоната ќе стане слободен агент. Сепак, се уште не е донесена конечна одлука каде Погба ќе ја продолжи кариерата. ПСЖ се наметнува како фаворит.
Погба потпиша со Манчестер Јунајтед во 2016 година. Очигледно тој веќе го одигра последниот меч со „црвените ѓаволи“, бидејќи моментно е повреден и сигурно нема да учествува на последниот натпревар од сезоната – гостувањето кај Кристал Палас.
За Јунајтед одигра 239 натпревари, постигнувајќи 39 гола и имаше 51 асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













