
21 век, Македонија. На фудбал одиш, може да „загинеш“. Новиот шампион „пречекан“ со тупаници, камења, факели и срамни пароли. Зошто? Затоа што бил подобар во текот на сезоната и ти ја одземал титулата.
Вчера во Тетово требаше да биде дерби, ама се случи скандалозен натпревар кој сите не врати назад, во периодот пред спонзорот „Еколог“ да ја преземе Шкендија. Кога имаше и „калашњикови“ во тунелот, кога еден поранешен шампион Работнички исто така изеде ќотек затоа што е подобар и не сакал да „пушти“.
Тупаници, турканици, фрлање факели кон гостите наместо достоинствено пречекување на новиот шампион, тоа е само потврда дека Шкендија бадијала била шампион. Не научила да се однесува иако неколку години беше дел од Европа.
Се чини дека не беше толку многу ниту за бодовите, туку беше подготвена „одмазда“ за Шкупи, а сега треба за Шкендија да следи казна – драстична! Шкендија да не ја види Европа!
Да размислат добро раководните структури во клубот, кои очигледно направија и премногу кадровски грешки, дали Шкендија треба да оди напред или да остане во „тетовско гето“. Не е виновен Шкупи за нивната загубена титула.
Нека се потсетат дека ги „елиминираа“ најдобрите, Бесарт Ибраими и Арменд Алими, дека претходно дозволија да замине и Агим Ибраими, а беа донесени „сомнителни“ странци. Можеби се провизии во прашање, којзнае, но тоа е работа за човекот што ги дава парите. Верувам дека неговата цел не е Шкендија да биде „заостаната“ структура.
На потег е ФФМ! Казнете ја Шкендија – да не ја види Европа! Само така, ние другите ќе можеме барем да мислиме дека сме тргнати – кон Европа!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Барса со автогол славеше на гости кај Леганес

Интернационалци
Тричко стрела на Кипар, гол и за Адеми
