Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд по неколкумесечни преговори ги договорил сите лични услови со Манчестер Сити и од следната сезона ќе се пресели на „Итихад“. За 21-годишниот фудбалер беа заинтересирани и Реал Мадрид и Барселона, но тој реши да тргне по стапките на својот татко и да го облече светлосиниот дрес на клубот од Манчестер.
Останува само Сити да ја активира откупната клаузула од 75 милиони евра и со тоа да го официјализира трансферот на Халанд од Борусија Дортмунд.
„Убиствениот“ голгетер ќе ја претставува иднината на актуелниот англиски шампион, а целта ќе му биде да ја освои Лигата на шампионите со Манчестер Сити и „Златната топка“ за најдобар играч на планетата.
Халанд има неверојатна статистика во Борусија Дортмунд, постигна 85 гола на 88 натпревари, а доколку ја пренесе оваа форма и на Островот, се чини дека тогаш Манчестер Сити би бил „незапирлив“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













