Со вчерашната победа против Лидс, Арсенал на три кола пред крајот е блиску до четвртото место во Премиер – лигата и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Менаџерот на „топчиите“ Микел Артета неодамна го продолжи договорот со клубот до 2025 година и со тоа го означи почетокот на еден амбициозен проект на „Емирати“.
„Срцето“ на тој проект би можел да биде репрезентативецот на Англија и ѕвезда на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, пренесуваат медиумите на Островот.
Главен „агент“ во операцијата Стерлинг ќе биде менаџерот Микел Артета, кој со години работеше со Англичанецот во Сити, додека му беше помошник на Пеп Гвардиола.
Стерлинг се уште нема потпишано нов договор со клубот „граѓаните“, важечкиот му истекува следната година и доколку не го продолжи, летово би можел да ја промени средината, но и да остане во Премиер – лигата.
Пласман во Лигата на шампионите сигурно многу би му значел на Арсенал во евентуалните преговори со Стерлинг. Се верува дека 27-годишниот не би имал мотив да се пресели во клуб кој не игра во елитното натпреварување.
Покрај Стерлинг, Арсенал е заинтересиран и за Габриел Жесус од Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













