Connect with us

Пиоли откри: Говорот на Ибрахимовиќ ги мотивирал соиграчите да ја победат Верона

Златан Ибрахимовиќ одржал говор во соблекувалната на Милан и го инспирирал тимот да победи на натпреварот против Верона, откри по натпреварот тренерот Стефано Пиоли. Тој откри и дел од говорот на Ибрахимовиќ пред соиграчите.


„Сите се сеќаваат на играчите на Милан кои ги освоија титулите во Серија А или Лигата на шампионите. Дали сакате да бидете запаметени? Имаме три натпревари за тоа“, рече Пиоли, цитирајќи ги зборовите на Ибрахимовиќ кои го инспирираа тимот на Милан за три бода.

Фудбалерите на Милан направија нов чекор кон освојување на титулата шампион на Италија, 19. во клупската историја, а прва по 2011 година, со победата против Верона.

Водечкиот Милан сега има 80 бода на две кола пред крајот на шампионатот, два повеќе од Интер на второто место и четири бода од мечвите со Аталанта и со Сасуоло ќе му бидат доволни да ја освои титулата бидејќи има подобар сооднос против Интер, што му ја гарантира титулата доколку на крајот на сезоната двата клуба од Милано освојат еднаков број бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови