Шкендија и Шкупи одиграа срамен натпревар во Тетово, требаше да биде дерби на новиот и досегашниот шампион, а имаше само немили сцени, повреди, навреди, фрлање предмети на теренот и неверојатна тензија.
Судијата Александар Ставрев требаше да го прекине мечот, но одлучи да продолжи и се играше повеќе од 105.минути, а на крајот заврши 0-0.
Љупчо Дориев имаше шанса од пенал да донесе триумф за Шкендија, но голманот на Шкупи, Артан Иљази, го одбрани неговиот удар. Сепак, Шкендија обезбеди место на европска сцена.
Академија Пандев исто така ќе игра вo квалификациите од Конференциската лига на УЕФА, откако го совлада Работнички со 2-1. Со тоа го завери пласманот во Европа, на едно коло пред крајот на сезоната во Првата лига.
Осман Маронг во 33.минута и Кристијан Велиновски во 44.минута беа стрелци за Академија Пандев, а Марио Станковски погоди во 51.минута, од втора, откако Марко Јовановски му го одбрани ударот од белата точка.
Струга Трим Лум ја победи Македонија ЃП со 1-3 во Ѓорче Петров и ја отпиша од трката за излез на европска сцена, барем преку шампионатот. Немања Босанчиќ даде два гола за 20 минути, третиот гол беше дело на Буњамин Шабани во 55.минута, а Арби Воша беше стрелец за „лавовите“ во 61.минута.
Ренова со 2-0 го совлада Скопје. Борха го отвори резултатот, а Фатјон Јусуфи го постави конечниот епилог.
Брегалница со голот на Милан Ѓокиќ славеше минимално (1-0) против Тиквеш, а Пелистер стигна до втор триумф (2-1) откако го совлада Борец. Бобан Здравевски и Петар Љамчевски ја погодија мрежата на велешани, а Кристијан Николовски стрелаше за Борец.
ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-3
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 1-0
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 2-1
РЕНОВА – СКОПЈЕ 2-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski