Арсенал го победи Лидс Јунајтед со 2-1 на „Емирати“ и си обезбеди четири бода предност пред Тотенхем во трката за четвртата позиција на табелата која води во Лигата на шампионите. Истовремено, Евертон триумфира на гости против Лестер со 1-2 и побегна од опасната зона, а сега Лидс Јунајтед е на позиција која води ранг подолу.
Едвард Нкетаја во петтата минута донесе водство, а пет минути подоцна уште еднаш се запиша меѓу стрелците. Гостите останаа без Ајлинг во 27.минута, а Диего Љоренте намали во 66.минута. Но, бодовите останаа за Арсенал.
Евертон оствари многу важен триумф (1-2) на гости против Лестер. Витали Миколенко и Мејсон Холгејт беа стрелци за Евертон, а Патсон Дака погоди за домаќинот.
Вест Хем беше убедлив (0-4) на гости против Норич. Бенрама беше двоен стрелец, а погодија и Антонио и Ланзини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













