Connect with us

На разговор со својот фудбалски „татко“: Роналдо го прашува Сер Алекс дали да остане во Јунајтед

Кристијано Роналдо е на крстопат, има уште една година од договорот со Манчестер Јунајтед, но не знае дали да остане на „Олд Трафорд“. Тимот комплетно потфрли, не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а Роналдо сака да игра во елитното натпреварување.


Тој заминал на средба со легендарниот Алекс Фергусон, неговиот фудбалски „татко“, на кого најмногу му се жали за сите случувања во Манчестер Јунајтед.

Фергусон и Роналдо живеат блиску еден до друг, поради што често се среќаваат, а наводно главна тема е иднината на португалскиот фудбалер на „Олд Трафорд“.

Роналдо има одржано неколку приватни состаноци со поранешниот тренер и се обидува да ја донесе најдобрата одлука за продолжување на кариерата. Многумина сакаат тој да остане во Јунајтед, но се чини дека сепак, тоа ќе биде тешко да се реализира.

Фергусон го советувал Роналдо уште да не носи никакви одлуки додека Ерик тен Хаг не ја преземе клупата на Јунајтед и додека не разговара со него за да види какви се плановите на холандскиот стручњак.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови