
Шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски е задоволен од текот на подготовките за новата сезона во која екипата ќе биде составена од млади играчи желни за докажување.
„Петти ден како се подготвуваме, и можам да истакнам задоволство од текот на подготовките. Засега се оди според планираното. Во екипата имаме многу млади играчи кои се желни за докажување, а тука се и поискусните да им дадат поддршка на помладите. Имаме играчи кои за прв пат ќе искусат подготовки со сениорската екипа. Идната сезона ќе имаме млада екипа, со неколку искусни поединци и се надевам дека тоа ќе ни донесе добри резултати“ – изјави Васоски.
Во моментов со екипата тренираат триесетина играчи, и стручниот штаб во следните две недели ќе донесе одлука кои фудбалери ќе патуваат на подготовките во Словенија.
„На 17. јули треба да одиме во Словенија и таму да одиграме неколку пријателски натпревари. Во моментов имаме на располагање триесетина играчи, но во следните денови ќе одлучиме кои играчи ќе одат во Словенија на подготовки. Секако дека и во иднина будно ќе ја следиме ситуацијата во младите категории, и дека од таму ќе земаме уште играчи, за кои ќе сметаме дека имаат потенцијал и квалитет за во сениорскиот тим. Планираме пред замиувањето во Словенија да одиграме и една пријателска“ – вели шефот на стручниот штаб на Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
