Пеп Гвардиола и Манчестер Сити уште еднаш не успеаја. Тимот кој според многу експерти е најдобар во светот повторно остана без толку посакуваната титула европски првак.
Во епски натпревар, кој со години ќе се прераскажува, Сити имаше два гола предност во 90. минута, но се се распадна за две минути. Пеп Гвардиола гледаше во празно и се прашуваше што му се случило.
Можеби во неговите моменти на очај на „Сантијаго Бернабеу“ низ глава му помина конфликтот со легендарниот играч на Манчестер Сити, Јаја Туре од 2018 година. Лошиот однос меѓу еден од најдобрите фудбалери што некогаш ги имала Африка и шпанскиот стручњак кулминираше со заминувањето на Туре од Манчестер Сити, кога агентот на фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска, Димитри Селук ги повика африканските шамани да го „проколнат“ Шпанецот.
„Гвардиола по караницата со Јаја Туре ги сврте сите Африканци против него. Сигурен сум дека африканските шамани ќе се обединат и нема да му дозволат да ја освои Лигата на шампионите. Ова нека биде проклетството на Гвардиола. Нека покаже животот дали сум во право”, изјави Селук пред неколку години.
Гвардиола со Манчестер Сити освои три титули во Премиер – лигата, но никогаш трофеј во Лигата на шампионите. Колку и да звучи лудо, можеби шаманите имаа свое влијание врз „магичниот“ пресврт на Реал…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski