Реал Мадрид со нов чудесен пресврт се пласира во финалето на Лигата на шампионите со победата од 3-1 против Манчестер Сити по продолженијата. Махрез погоди за Манчестер Сити во 73. минута и во тој момeнт изгледаше дека за Реал веќе нема шанси.
Затоа дел од навивачите на „кралскиот клуб“ разочарани го напуштија стадионот. Но, тоа се покажа како голема грешка. Тие од надвор слушаа како останатите фанови се радуваат на пресвртот.
Тие мораа потоа на мобилните телефони да го гледаат финишот на регуларниот дел како и продолженијата затоа што според регулативата, редарите и полицијата не смееја да ги пуштат повторно на трибините.
Видеото од овие „несреќни“ навивачи набрзо стана хит на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













