Аргентинската ѕвезда Лионел Меси не може да поверува во пресвртот (3-1) што Реал Мадрид го направи синоќа против Манчестер Сити. Имено, неговиот пријател и поранешен колега од репрезентацијата Серхио Агуеро го коментираше натпреварот на Реал во живо на „ESPN“. Сред пренос тој доби порака од Лионел Меси која гласеше:
„Престанете да се шегувате, ова не може да биде вистина“. Агуеро ја прочита таа порака во етерот и стана вирален хит.
Реал Мадрид обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите со победата од 3-1 против Манчестер Сити по продолженијата. Махрез погоди за Манчестер Сити во 73. минута, но Реал на крајот направи нов чудесен пресврт.
Првиот гол го постигна Родриго во 90. минута, а само минута подоцна погоди уште еднаш. Во продолжението, Карим Бензема постигна гол за 3-1 и така обезбеди финале против Ливерпул на „Стад де Франс“ на 28 мај.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













