Connect with us

Тивко на „Бернабеу“: Реал и Сити без голови по првото полувреме во Мадрид

Реал Мадрид и Манчестер Сити тактички се надмудруваат, но по првиот дел нема голови на „Сантијаго Бернабеу“. Англискиот тим и понатаму има гол предност по триумфот од 4-3 на првиот натпревар на „Итихад“.

Тимот на Пеп Гвардиола и во Мадрид игра поофанзивно, најдобрата шанса ја имаше Бернардо Силва кој шутираше од десетина метри, но Тибо Куртоа успеа да одбрани.

Белгискиот чувар на мрежата беше на потребното ниво и при шутот од далечина на Фил Фоден.

„Кралевите“ засега се тивки, а неколку неуспешни обиди имаа Карим Бензема и Винисиус Жуниор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови