
Македонија ЃП извлече бод на Чаир играјќи 1-1 против новиот првак Шкупи. На „лавовите“ им беа потребни бодови од овој дуел во трката за излез на европска сцена, а успеаја да ремизираат со голот од пенал на Ермедин Адем во 96.минута од мечот. Претходно, Шкупи поведе преку Куевен, кој со прекрасен погодок во 58.минута донесе триумф за составот на Гоце Седлоски.

Академија Пандев се искачи на второто место по победата над Шкендија од 4-2 во Струмица. Во директниот дуел, „пандевци“ покажаа ефикасна игра, иако два гола постигнаа од пенал.
Фарук Бихорац во втората минута донесе водство, а Томислев Илиев во 23.минута од пенал зголеми на 2-0.
Јан Кривак на почетокот на второто полувреме намали, но во 63.минута Томислав Илиев уште еднаш погоди од белата точка. Пепи Ѓорѓиев во 79.минута зголеми на 4-1, а Синдрит Гури од пенал го постави конечниот епилог.
Ренова славеше на гости (0-1) против Тиквеш во Кавадарци со голот на Ремзифаик Селмани во 34.минута.
Струга Трим Лум во завршницата дојде до победа од 1-0 против Брегалница, со голот на Валентин Кочоски во 92.минута.

Работнички го совлада Борец со 2-1 на Националната арена „Тодор Проески“ и дефинитивно го испрати во второлигашка конкуренција. Марио Станковски од пенал во 45.минута донесе предност за „романтичарите“, а израмни Крста Ѓорѓевиќ во 75.минута од дуелот. Сепак, Работнички дојде до триумф во судиското продолжение од натпреварот со голот на Марјан Ристовски.
Скопје го совлада Пелистер со 4-2. Андреј Ричков отвори во десеттата минута, но израмни Бујар Хајдари само една минута подоцна. Дарио Десниќ во 13.минута се погрижи за пресврт, а Иво Јанакиевски постигна фантастичен гол од голема далечина во 37.минута.
Во вториот дел, Антонио Божиноски погоди за 4-1, а Борче Маневски го постави конечниот епилог.
ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 4-2
РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 2-1
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 4-2
ТИКВЕШ – РЕНОВА 0-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл
