Милан е блиску до освојување на „скудетото“, а раководството на клубот сака сериозно да го засили тимот за следната сезона и настапот во Лигата на шампионите. „Росонерите“ се вклучуваат во трката за еден од најдобрите фудбалери во Серија А, играчот за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Српскиот репрезентативец има договор со Лацио до 2024 година, но неговиот менаџер потврди дека ова лето сака да направи трансфер.
За неговиот потпис интерес покажуваат Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а сега во трката се вклучи и Милан. Лацио е подготвен да го продаде Србинот за сума од околу 70 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













