Англискиот премиерлигаш Барнли е заинтересиран за тренерот на Бодо Глимт, Шетил Кнутсен, и ќе се обиде да го ангажира за нов менаџер на тимот. Во моментов клубот продолжува да бара нов менаџер по отказот на Шон Дајш. Сензационалниот настап на Норвежаните во Лигата на конференции го привлече вниманието кон тренерот на овој тим.
Кнутсен го предводеше Бодо Глимт до четвртфиналето на Лигата на конференциите, каде тимот забележа неколку импресивни резултати како победата од 6-1 над Рома во групната фаза и елиминацијата на Селтик (2-0 и 3-1) и АЗ Алкмар (2-1 и 2-2). Ова е причината поради која тој е меѓу потенцијалните кандидати за нов менаџер на Барнли.
Евентуалното назначување на Норвежанецот нема да се случи до крајот на сезоната, со оглед дека Барнли ја продолжува жестоката битка за опстанок во елитата под водство на привремениот менаџер Мајк Џаксон.
Интересно, Барнли може да има конкуренција за потписот на 53-годишниот стратег. Во последните денови се појавија информации дека за него интерес покажуваат уште два англиски клуба, Евертон и Вотфорд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













