Фудбалерите на Ливерпул синоќа го победија Вилјареал со 3-2 и со вкупен резултат 5-2 изборија пласман во финалето на Лигата на шампионите. Тие во финалето во Париз ќе играат против подобриот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Ова ќе биде четврто финале во елитното натпреварување за Клоп и десетто за Ливерпул.
„Јас сум импресиониран. Се чувствувам како да е мое прво финале. Ова е најдоброто натпреварување во светот, го обожавам и исто така ми се допаѓа она што го направи Вилјареал, вклучувајќи ја и публиката во сето тоа. Целиот свет гледаше дека бевме слаби во првиот дел и очекуваше да биде 3-0. Но, кога првпат успеавме да ги пробиеме и да влеземе во тој меѓупростор, знаев дека имаме шанса. Не сакам да ги споредувам работите, но, овој меч ме потсети на тој дуел со Барселона кога ги елиминиравме“, изјави Клоп.
Германскиот стратег откри и што им рекол на своите фудбалери на полувремето.
„Што им кажав на полувремето? Играјте подобро од првото! Моравме да останеме смирени. Што да кажам друго? Имаме само една шанса да победиме и да бидеме во финалето“, објасни Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













