
Фудбалерите на Вилјареал загубија во полуфиналето на Лигата на шампионите од Ливерпул на својот стадион со резултат 2-3, иако на полувремето водеа со 2-0. Беа блиску до сензација, но на крајот доживеаја елиминација.
По натпреварот тренерот на Вилјареал, Унаи Емери, ги искажа своите впечатоци.
„На полувремето сепак мислев дека ќе ни биде исклучително тешко. Многу, многу тешко. Целта беше да се постигне тој прв гол и да се започне процес за пресврт. Успеавме. Вториот гол навистина ни даде мотив. Знаевме дека поради напорот од првиот дел можема да бидеме казнети во продолжение, но имав играчи на клупата подготвени да скокнат на терен“, изјави Емери.
Тренерот на Вилјареал на првиот меч не можеше да смета на Жерар Морено, а тоа се почувствува и резултатски.
„Ни кажа дека чувствува дека не е во ред, не сакавме да ризикуваме со него на тој прв натпревар, иако сакаше да биде во тимот. Тој беше единствениот кој ни дозволува да влеземе во дуели во близина на нивната одбранбена линија и без него немаше да го направиме ниту ова. Не можеме да бидеме среќни кога вака ќе се изгуби, секако дека си тажен. Сепак, Ливерпул заслужи да игра во финалето бидејќи не одигравме како што треба на „Енфилд“. Таа разлика во играта од првиот и вториот меч беше пресудна“, заклучи тренерот на шпанскиот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
