Шкендија ја загуби релативно лесно шампионската круна оваа сезона, а во финишот од сезоната фокусот на тимот од Тетово е ставен на излезот во Европа. Составот што сега го предводи Артим Шаќири ќе се обиде да ја задржи втората позиција на табелата.
Денеска тетовци гостуваат во Струмица и ќе играат против директниот ривал, Академија Пандев, третопласираниот тим кој има еден бод помалку од Шкендија.
Дефанзивецот Клисман Цаке вели дека тој и соиграчите се подготвени да се соочат со предизвикот и да остварат триумф.
„Ние како екипа сме подготвени да се соочиме со предизвикот. Одиме во Струмица по трите бода, иако тоа ќе биде различен натпревар од последниот што го добивме во Тетово. Ќе ја играме нашата игра и верувам дека со победа ќе се вратиме од Струмица“, изјави Цаке.
Новиот шампион Шкупи загуби од Брегалница во Штип, а денеска ја пречекува Македонија ЃП на Чаир. „Лавовите“ исто така се дел од битката за излез во Европа.
Струга Трим Лум на домашен терен ја пречекува Брегалница, а Тикеш е домаќин на Ренова.
Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ ќе игра против Борец, додека Скопје и Пелистер ќе се сретнат на „Автокоманда“.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО (17 ЧАСОТ)
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
ТИКВЕШ – РЕНОВА
СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal