Македонија ЃП е во европска мисија обидувајќи се да стигне до третата позиција на табелата во последните три кола од првенството во Првата фудбалска лига. Тренерот на „лавовите“, Муарем Бајрами, денеска се враќа на „својот“ Чаир, каде мина голем дел од кариерата, но се надева дека неговиот тим ќе слави победа.
„Не очекува тежок дуел против веќе новиот шампион на кој сакам да му ја честитам титулата. Јас се враќам во мојот Чаир каде сум поминал голем дел од кариерата и имам само убави спомени и како играч и како тренер, но сега во друга боја и секако дека размислувам само на триумф и продолжување на битката за излез во Лигата на Конференции. Уште еднаш на Шкупи им ја честитам титулата, а на денешниот натпревар посакувам победа на Македонија ЃП“, изјави Муарем Бајрами.
Интересен ќе биде и дуелот во Струмица, каде Академија Пандев ќе ја пречека Шкендија. Тоа е исто така дел од битката за излез во Европа.
Струга Трим Лум на домашен терен ја пречекува Брегалница, а Тикеш е домаќин на Ренова.
Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ ќе игра против Борец, додека Скопје и Пелистер ќе се сретнат на „Автокоманда“.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО (17 ЧАСОТ)
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
ТИКВЕШ – РЕНОВА
СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski