Connect with us

Верува ли некој дека Вилјареал е способен за ново чудо?

Ливерпул е на чекор до финалето на Лигата на шампионите, но пред тоа треба да го заврши започнатото против сензацијата на годинашното издание на ЛШ, тимот на Вилјареал. Англискиот тим целосно доминираше на „Енфилд Роуд“ и со два гола обезбеди солидно водство, но тоа не треба да ги опушти, бидејќи „жолтата подморница“ има доволно оружје од кое веќе загубија Јувентус и Баерн Минхен.


Се разбира, сега ситуацијата е многу поинаква. Вилјареал нема предност од добар резултат од првиот меч и избраниците на Унаи Емери ќе бидат принудени да делуваат поофанзивно од вообичаено. Едвај можеме да очекуваме дека Шпанците ќе тргнат во виорни напади од првата минута, но сигурно нема да бидеме сведоци на тотална дефанзива како онаа на „Енфилд“.

Само една екипа се пласираше во следната рунда од завршницата во Лигата на шампионите откако на првиот меч загуби со два гола разлика. Ливерпул го направи тоа против Барселона во сезоната 2018/19. На страната на Вилјареал е уште една статистика: тимот е непоразен во 12 последователни натпревари на домашен терен.

„Жолтата подморница“ последен пат загуби пред своите навивачи во ноември, но вечерва нема да биде доволно тимот едноставно добро да се одбрани.

Во текот на викендот, Емери ги сочува силите на најголемиот дел од стартери на натпреварот против Алавес, кој го загуби со 1-2. Сепак, кадровските проблеми не изостануваат.
Алберто Морено и Џереми Пино се повредени, а Арно Данџума се уште е под прашање. Френсис Кокелан и Раул Албиол имаат одредени проблеми, но се очекува да започнат од првата минута.

Жерар Морено не е целосно опоравен и може да се појави во второто полувреме. Во оваа ситуација нападот ќе го предводи Самуел Чуквуезе, а зад него ќе биде Џовани Ло Селсо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови