
Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај, изрази желба да остане во тимот уште многу години. Тој беше стрелец на водечкиот гол во победата над Мајорка од 2-1.
„Дојдов овде со желба да играм. Сакам да бидам важен за тимот следната сезона и во следните неколку години“, изјави Холанѓанецот.
За неговиот настап доби пофалби од тренерот Чави Хернандез, кој дотогаш не се потпираше многу на него.
„Време е да се зборува за сегашноста. Мемфис играше затоа што тренираше многу добро и имаше фантастична недела. Сакам да имам играчи со сличен став, подготвени да направат разлика. Понекогаш бев нефер кон него. Но, ако се претстави така, мора да игра“, изјави Чави.
Сепак, Мемфис Депај би можел да биде додаден на трансфер листата на Барселона во јуни.
Евентуалното доаѓање на Роберт Левандовски во тимот целосно ќе ја намали можноста на Депај да игра редовно за каталонскиот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
