
Луис Фелипа на својата промоција во Тетово не го криеше задоволството што потпишува за Шкендија, тим со кој ќе се обиде да стигне до нови трофеи во мак-фудбалот. Воедно, тој имаше само пофални зборови и за тетовските навивачи.
„Доаѓам во најдобриот клуб во земјата. Конечно сум играч на Шкендија. Играм долго време во Македонија и секогаш кога сум настапувал во Тетово против Шкендија, сум чувствувал позитивни вибрации од публиката. Тие секогаш му даваат огромна поддршка на својот тим. Сакам да ја почувствувам истата енергија, но овојпат како поддршка за мене, а јас ќе возвратам со добри игри“ – истакна Фелипе.
Тој не крие дека пред трансферот добил позитивни препораки од сонародникот Жуниор, кој веќе неколку сезони настапува за Шкендија.
„Секако дека разговарав со Жуниор, кој ми е близок пријател во Македонија. Отидов во неговата куќа, кога и да зборувавме тој имаше само пофални зборови за Шкендија. Амбициите се секогаш на највисоко ниво, а со моето доаѓање сега се очекува да влеземе во групната фаза од Лигата на Европа“ – открива новиот фудбалер на тетовци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
