Македонија ЃП оствари важна победа (1-0) над Академија Пандев во битката за излез во Европа. Ермедин Адем од пенал во 85.минута беше стрелец на победничкиот гол за „лавовите“, откако неговиот соиграч Сефер Емини во осмата минута не успеа да реализира удар од белата точка.
Ренова и Струга Трим Лум ремизираа 1-1 во Тетово. Џелил Абдула во 51.минута донесе предност за домаќинот, а израмни Немања Босанчиќ од пенал во 84.минута од мечот.
Пелистер и Тиквеш во Битола одиграа 1-1. Ристе Каракамишев во шестата минута обезбеди водство за кавадарчани, но израмни Христијан Драгарски во 29.минута.
Борец го совлада Скопје со 1-0, со голот на Енсар Љума во 70.минута од дуелот.
Вчера, Шкендија стигна до минимална победа (1-0) над Работнички, а Брегалница убедливо го совлада новиот првак Шкупи со 4-1.
ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0
РЕНОВА – СТРУГА ТЛ 1-1
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 1-1
БОРЕЦ – СКОПЈЕ 1-0
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 4-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













