
Македонија ЃП сака победа над Академија Пандев за да се врати во трката за Европа. По поразот од Шкендија во Тетово, „лавовите“ малку загубија чекор, но би можеле да се вратат во игра доколку денеска на домашен терен слават против „пандевци“. Секако, тимот на Муарем Бајрами е и во финалето на Купот на Македонија, па има две опции за излез на европска сцена.
Академија Пандев реди победи откако Ѓорге Стојчев доби поддршка од раководството и не му беше прифатена најавената оставка. Денеска неговиот тим ќе на големо искушение во Ѓорче Петров.
Струга Трим Лум гостува во Тетово и ќе го одмери силите со Ренова. Ард Касами се надева дека неговиот тим ќе оствари позитивен резултат на ова гостување.
„Добро го познаваме противникот, знаеме со каков тим си имаме работа. Доаѓаме од позитивен резултат, така што атмосферата во тимот е многу позитивна во пресрет на оваа средба. Секогаш влегуваме на теренот да се бориме за трите бода и се надевам дека во Струга ќе се вратиме со позитивен резултат”, изјави Касами.
Пелистер, кој е веќе второлигаш, во Битола го пречекува Тиквеш, а Борец во Велес е домаќин на Скопје.
Вчера, Шкендија го совлада Работнички со 1-0, а Брегалница го декласира новиот шампион Шкупи со 4-1.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РЕНОВА – СТРУГА ТЛ
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
БОРЕЦ – СКОПЈЕ
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 4-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Интернационалци
Агон Елези утре потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Дарвин Нуњез
