Шкендија го совлада Работнички со 1-0 и направи уште еден чекор напред кон излез во Европа. Тимот на Артим Шаќири славеше со погодокот на Љупчо Дориев од пенал во 55.минута од дуелот.
Во Штип, Брегалница го зеде скалпот на новиот шампион Шкупи откако славеше со 4-1. Милан Џокиќ во 15.минута со удар со глава донесе водство за штипјани, а израмни Сандеј Адетунџи во 29.минута.

Милан Џокиќ во 48.минута од пенал повторно донесе предност за Брегалница, а Мартин Стојанов во 75.минута беше стрелец на третиот гол за домаќинот. Во завршницата, Марјан Алтипармаковски од пенал го постави конечниот епилог, 4-1 за Брегалница.
Голманот Денковски при резултат 2-1 му одбрани пенал на Фреди Алварез.
Останатите натпревари од 30.коло во Првата фудбалска лига се играат утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













