Новиот македонски првак Шкупи премиерното гостување во новата улога ќе го има денеска во Штип, на дуелот против Брегалница во 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Штипјани се растоварени што се однесува до опстанокот, па дуелот без некое посебно резултатско значење се очекува да донесе допадлив фудбал.
Младинскиот репрезентативец Јован Манев истакнува дека сите во тимот на Брегалница се подготвени за максимален ангажман и игра за навивачите.
„Верувам дека ќе биде тоа квалитетен натпревар меѓу два одлични тима. Постои мотив и желба кај нас да се претставиме во вистинско светло токму против новиот македонски шампион, и со освојување на бодовите да ги израдуваме нашите навивачи. Очекувам полн стадион во Штип и секако поддршка за нас како би стигнале до позитивен резултат токму против најдобриот тим во лигата“ – вели Манев.
Без разлика на шампионскиот успех, избраниците на Гоце Седлоски нема да застанат тука и денеска против Брегалница во Штип ќе бараат продолжување на серијата позитивни резултати. Ова го најавува Кристијан Трапановски.
„За овој натпревар се подготвивме како и за сите други натпревари на професионален план, иако сега сме шампиони. Секако дека го респектираме тимот на Брегалница, но мислам дека натпреварот ќе зависи од нас. Ќе дадеме сè од себе да ги добиеме сите преостанати натпревари, почнувајќи од овој против Брегалница“, изјави Трапановски.
Шкендија во Тетово денеска го пречекува Работнички, а останатите натпревари од 30.коло се играат утре.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (денеска, 17 часот)
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (утре, 17 часот)
РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
БОРЕЦ – СКОПЈЕ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski