Connect with us

Струга ТЛ убедливо славеше против косовски Кек (7-0)

Фудбалерите на Струга Трим Лум запишаа и втора убедлива победа на стартот од летните подготовки. По претходниот триумф против Вардар Форино, стружани сега со 7-0 (2-0) славеа и против косовскиот Кек.

На дуелот кој се одржа на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, Струга ТЛ поведе со голот на Флорент Османи. Стрелци во продолжение беа и Христијан Кировски, Дејан Цветаноски, Абдулјахја Шкор во два наврати, Нијаз Лена и Емран Рамадани.

Следниот пријателски натпревар на Струга Трим Лум ќе биде против Силекс, а потоа следат подготовките во Банско.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови