Лука Модриќ се уште нема потпишано нов договор со Реал Мадрид, но прашање е на денови кога Хрватот ќе се обврзе на нова соработка. Шпанските медиуми откриваат дека Реал Мадрид за ветеранот има направено преседан, понуден му е договор 1 + 1 година, што значи дека капитенот на хрватската репрезентација ќе остане во Мадрид до летото 2024.
„Кралскиот клуб“ би направил преседан бидејќи ниту еден ветеран нема добиено договор за повеќе од една година во последниот период. Тој би ја „заработил“ втората година од договорот доколку исполни одредени услови следната сезона.
„АС“ додава дека Реал Мадрид и Лука Модриќ се договориле играчот од средниот ред да остане во клубот и по завршувањето на кариерата.
Лука Модриќ во Реал Мадрид е од 2012 година кога за 35 милиони евра пристигна од Тотенхем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













