Стоперот Антонио Рудигер дефинитивно го напушта Челси и многу веројатно ќе стане нов играч на Реал Мадрид, а неговата замена би можела да дојде од Париз.
Откако претходно го загуби Андреас Кристенсен, кој како слободен играч заминува од „Стемфорд Бриџ“, актуелниот европски првак останува и без Германецот Антонио Рудигер.
Менаџерот на Челси, Томас Тухел ќе мора да реагира на пазарот и да ги „закрпи дупките“ создадени со заминувањето на стоперот. Според англиските медиуми, германскиот стручњак планира да замине во својот поранешен клуб Пари Сен Жермен и да се обиде да го доведе Престон Кимпембе. Опциите број два и три за „сините“ се Хозе Хименез од Атлетико Мадрид и Жил Кунде од Севилја.
Но, големото прашање е дали Челси ќе добие можност за да купува, со оглед на актуелните санкции кон клубот и кон сопственикот Роман Абрамович.
Постои можност клубот од Лондон да ангажира и повеќе од еден стопер, бидејќи од „Стемфорд Бриџ“ ќе си заминат тројца дефанзивци, сепак, големо прашање е дали имаат доволно пари за посериозен ремонт во последната линија поради сопственичките проблеми.
Сите желби на Челси се сериозно скапи инвестиции, Кимпембе има силен договор со ПСЖ, неговата вредност се проценува на над 40 милиони евра, Жил Кунде би можел да биде уште потешка задача, покрај неговото име стои и сума од 60 милиони евра, додека Хозе Хименез би можел да чини 50 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













