Наполи имаше водство од 0-2 против Емполи, но на крајот загуби од домашниот тим и ги уништи сите шанси за освојување на „скудетото“. Сега Наполи има 67 бода, пет помалку од Интер и еден одигран натпревар повеќе.
Дрис Мертенс пред крајот на првиот дел донесе водство, а Лоренцо Инсиње зголеми на 0-2 во 53.минута. Сите мислеа дека „наполитанците“ лесно ќе ја минат оваа пречка. Но, Емполи направи супер – пресврт.
Лијам Хендерсон погоди во 80.минута, три минути подоцна Андреа Пинамонти израмни, а истиот фудбалер во 87.минута постигна и победнички гол за Емполи.
Болоња и Удинезе ремизираа 2-2.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski