Шкупи ја совлада Ренова со 2-0 и го оствари клучниот триумф за прослава на шампионската титула на четири кола до крајот на шампионатот на Македонија. Сандеј Адетунџи во 81.минута го постигна водечкиот гол за тимот од Чаир, за експлозија на стадионот, а буквално сите влегоа на теренот кога Куевен стрелаше за 2-0 во судиското продолжение.

Шкендија стигна до важна победа (3-1) над Македонија ЃП во Тетово. Љупчо Дориев и Синдрит Гури во првите дваесет минути донесоа водство од два гола, а во вториот дел Дориев постигна и втор погодок. Годберг Купер беше стрелец на почесниот погодок за „лавовите“.

Тиквеш го декласира Борец со 5-0 во Кавадарци. Андреј Лазаров беше двоен стрелец во првото полувреме, а серијата ја продолжија и Иван Ивановски, Благоја Љамчевски од пенал и Александар Мишов.
Струга Трим Лум убедливо го совлада Пелистер со 4-0. Па Омар Џобе постигна два гола во првото полувреме, а потоа се приклучија и со Бесмир Бојку и Валентин Кочоски.
Вчера, Работнички загуби од Скопје со 0-1, а Академија Пандев ја победи Брегалница со 2-1.
ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – РЕНОВА 2-0
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
ТИКВЕШ – БОРЕЦ 5-0
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ПЕЛИСТЕР 4-0
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 2-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













