Скопје вторпат оваа сезона успеа да го совлада Работнички на Националната арена „Тодор Проески“. Филип Јаневски во 69.минута го постигна победничкиот погодок по грешката што ја направи стоперот на домаќините, Драшко Ѓорѓевиќ.
Зејнулаи и Христов имаа големи шанси за „романтичарите“, но, сепак, мрежата на Скопје остана да мирува до крајот.
Академија Пандев направи уште еден чекор кон излез во Европа. Струмичкиот тим славеше против Брегалница со 2-1. Бојан Димоски во 17.минута донесе предност за „пандевци“, а Николче Шаркоски на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0. Брегалница постигна гол од пенал во 93.минута преку Мартин Стојанов, но бодовите останаа во Струмица.
Останатите натпревари од 29.коло се играат утре, со почеток во 16 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













