Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ денеска (16 часот) го пречекува Скопје, а во Струмица ќе се сретнат Академија Пандев и Брегалница. Ова се првите два натпревари од 29.коло во Првата фудбалска лига.
„Романтичарите“ се релативно безбедни во средишниот дел од табелата, а фудбалерите на Скопје по двата последовни порази веројатно и се помирија со фактот дека ќе мораат да играат бараж за опстанок во елитата.
Академија Пандев се бори за излез во Европа и трите бода на денешниот дуел со Брегалница им се многу позначајни од штипскиот тим.
„Жал ни е што не извлековме повеќе од претходните два натпревари, затоа што според играта заслуживме многу повеќе од ремија. Но, понекогаш е неопходна и среќата во фудбалот. Чувствуваме дека играме се подобро и дека можеме рамноправно да се надигруваме со секој противник. Па, така ќе биде и против Академија Пандев иако е јасно дека ќе биде тежок натпревар затоа што противникот се бори за европски излез. Но, ние се фокусираме на самите себе и сигурно посакуваме нов квалитетен натпревар и бодови“, вели крилниот напаѓач на „сините“, Мартин Стојанов, во пресрет на денешниот меч.
Утре се играат останатите натпревари од ова коло, а лидерот Шкупи на Чаир ќе слави титула.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ (денеска, 16 часот)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
ШКУПИ – РЕНОВА (утре, 16 часот)
ТИКВЕШ – БОРЕЦ
СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













