
Поранешниот хрватски селектор Анте Чачиќ ќе биде привремен тренер на Динамо Загреб до крајот на сезоната. Тој ќе има мисија да го изнесе товарот и да ја освои шампионската титула во трката со Осијек и со Хајдук Сплит.
По синоќешниот пораз (1-0) на „Пољуд“ во дербито со Хајдук Сплит, раководството на Динамо Загреб се раздели со тренерот Жељко Копиќ.
Анте Чачиќ го водеше првиот тим на Динамо порано во својата тренерска кариера, од декември 2011 до ноември 2012 година. Тој со „модрите“ во сезоната 2011/12 ја освои титулата хрватски шампион и хрватскиот фудбалски Куп и во сезоната 2012/13 со тимот обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
Во периодот од 2015 до 2017, Анте Чачиќ беше селектор на хрватската репрезентација. На Европското првенство во Франција во 2016 година, тој ја предводеше Хрватска до осминафиналето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
