Connect with us

Икарди предвреме ја заврши сезоната, толку и од престојот во Париз

Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди беше планиран да биде стартер за Пари Сен Жермен на синоќешниот меч против Анже во француското првенство, но се повреди на загревањето. Тој заработи повреда на бутниот мускул и според првичните лекарски проценки ќе отсутвува повеќе од еден месец.

Ова го прави недостапен за тренерот Маурисио Покетино до крајот на сезоната, а потоа речиси сигурно и ќе го заврши престојот во Париз.

ПСЖ подготвува реконструкција на тимот, а Икарди е меѓу фудбалерите кои се ставени на трансфер – листа. За него се интересираат Јувентус и Милан и постои сериозна можност да се врати во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови