
Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ минатиот месец објави дека повторно се бори со леукемијата. Сопругата на Михајловиќ објави фотографија од болница и покажа како тој изгледа во моментов. Храбар е и не потклекнува со духот.
Михајловиќ пред неколку години објави дека има леукемија и успеа да се избори со неа и да победи, но кога сите помислија дека проблемите се минато, дојде шокантна информација. Лекарите потврдија дека на Михајловиќ на редовен преглед повторно му била дијагностицирана леукемија, а таа информација повторно го потресе фудбалскиот свет.
Михајловиќ веќе неколку недели е во болница и изјави дека нема да се предаде и дека верува дека и овој пат ќе биде победник. Денеска во болница го посети неговата сопруга Аријана, која објави и фотографија со тренерот на Болоња на која се гледа дека болеста веќе зема замав, но дека Михајловиќ не ги загубил духот и нервите.
Јасно е дека Михајловиќ ослабе во овие месеци и дека сето тоа го исцрпи, но најважно е што не ја симнува насмевката од лицето и сигурен е дека ќе успее да ја победи оваа опасна болест оваа време исто така.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алваро Мората е ново напаѓачко оружје на Комо

Евро-фудбал
Луис Дијаз побарал трансфер од Ливерпул

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
