Манчестер Јунајтед доживеа дебакл на „Енфилд“ и загуби со 4-0, а менаџерот на „ѓаволите“ Ралф Рангник даде брутално искрена изјава. Тој е на удар со месеци, откако пристигна на „Олд Трафорд“, а синоќа одговори на споредбите меѓу двата тима.
„Јирген дојде на Островот пред шест години и кога ќе го погледнете тимот што го наследи, тој заврши на осмото место таа сезона, што е приближно на позицијата на која се наоѓаме сега. Сепак, во секој преоден рок потоа тие го создаваа тимот што го имаат. Не барам изговори, но погледнете на кој тим можат да сметаат, некои од врвните играчи, а ги немаше вечерва Фирмино, Окслејд-Чембрлен, Минамино, Елиот… Тоа покажува каков квалитетен тим тие создадоа и не е само прашање на квалитетни играчи туку и на менталитетот што го изградија. Тоа е второ ниво. Имаат подобри играчи од нашите играчи и тоа се одразува на резултатот. Тоа е ужасно понижувачко, но само треба да признаеме дека се подобри од нас”, изјави Ралф Рангник.
Тој даде и неверојатна споредба нешто што ретко се слуша во фудбалот.
„Мораме да бидеме критични кон себе. Начинот на кој ги одигравме првите 45 минути е нешто што повеќе не сакаме да го гледаме. За разлика од нас, тие изгледаа како Формула 1“, истакна менаџерот на Манчестер Јунајтед.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski