Велшкиот интернационалец Герет Бејл сигурно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, но многу веројатно е дека ќе остане во Шпанија. Тој би можел да ја прифати понудата на Севилја која е заинтересирана да го ангажира крилниот напаѓач кој речиси и да не добива шанса оваа сезона во тимот на „кралевите“.
Реал Мадрид безуспешно се обидуваше да го продаде Бејл во изминатиот период, тој одлучи да остане до крајот на договорот и да ја зема огромната плата на „Сантијаго Бернабеу“.
Тој е во Реал Мадрид од 2013 година кога дојде од Тотенхем. За овој период одигра 258 натпревари, а постигна 106 гола и забележа 67 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













