Реал Мадрид се чини дека го направи и решавачкиот чекор за освојување на титулата во Ла Лига откако ја совлада Севилја на гости со 2-3. „Кралевите“ направија неверојатен пресврт во второто полувреме откако по првиот дел имаа два гола негатива. А повторно победничкиот гол беше дело на Карим Бензема во 92.минута.
Иван Ракитиќ во 21.минута донесе водство за Севилја од слободен удар, а четири минути подоцна Ерик Ламела ја удвои предноста.
Меѓутоа, како што вели Анчелоти, Реал Мадрид никогаш не се предава. Италијанецот го уфрли Родриго на почетокот на вториот дел и тој беше творец на пресвртот. Токму Родриго во 50.минута го намали резултатот, а во 76.минута не беше признат гол на Винисиус Жуниор поради игра со рака. Сепак, Начо израмни во 83.минута, а шлаг на пресвртот стави Карим Бензема, на асистенција на Родриго.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













