
Младиот италијански тренер Андреа Пирло, кој е без работа од минатото лето откако беше сменет во Јувентус, би можел да ја продолжи кариерата во Брага и да го наследи Карлос Карвахал, пренесува португалскиот весник „А Бола“.
Брага сезонава оствари добар резултат во Европа и покрај тоа што на крајот на минатата година беше поразена на домашен терен од Црвена звезда во решавачкиот натпревар од групната фаза на Лига Европа за пласман во елиминациската рунда.
„А Бола“ пренесува дека Пирло ја разгледува можноста од лето да го наследи Карвахал на клупата на португалскиот тим, а доколку ја прифати понудата, ќе биде првиот странски тренер на клупата на Брага од сезоната 2002/2003, кога Шпанецот Фернандо Кастро Сантос седеше на клупата.
Првата тренерска работа Пирло ја доби на крајот на летото 2020 година, кога доби шанса во Јувентус на местото на Маурицио Сари.
Интересно е што Пирло не играше во странство како играч, па ова би бил негов прв ангажман надвор од Италија во светот на фудбалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
