Ajнтрахт Франкфурт ја победи Барселона со 2-3 на „Камп Ноу“ и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а по натпреварот на улиците на каталонскиот град беа забележани страшни сцени. Околу 30.000 навивачи од Франкфурт дојдоа во Шпанија да го бодрат својот клуб, а во еден момент група навивачи на Барселона ги нападнаа симпатизерите на Ајнтрахт.
Меѓу нив беа поранешниот фудбалер на Ајнтрахт, Мартин Фенин. Тој и неговата сопруга биле соборени на земја и претепани
„За жал, ова сме јас и мојата сопруга. По натпреварот на „Камп Ноу“ бевме нападнати, а потоа во следните 36 часа бевме сместени во најголемото село на светот без храна и пиење. Браво Барса“, напиша иронично Фенин со видео на кое се гледа нападот над него и неговата сопруга.
Фенин своевремено настапуваше за Ајнтрахт Франкфурт, а пред две години ја заврши играчката кариера и моментално работи како скаут за третолигашот Магдебург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













