Македонија ЃП минимално го совлада Работнички со 1-0 и се искачи на втората позиција на табелата во Првата фудбалска лига. Стрелец на единствениот гол за „лавовите“ беше Сефер Емини во 12.минута. Тој одзеде една топка во последната зона, надмудри дел од противниците и со силен и прецизен удар постигна убав погодок.

Лидерот Шкупи оствари минимален триумф (0-1) против Пелистер во Битола. Омар Имери во 65.минута беше стрелец на победничкиот погодок за тимот од Чаир.
Борец во Велес ја совлада Струга Трим Лум со 2-0. Крста Ѓорѓевиќ во 64.минута донесе водство, а триумфот го потврди Ѓорѓи Ѓорѓиев во 77.минута од дуелот.
Останатите три натпревари од 28.коло во Првата фудбалска лига се закажани за утре, со почеток во 16 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













